Бидејќи големата неволја е многу близу, проповедањето не било никогаш поитно (Из 24:11, 12, 20). Може да ги користиме визит-картичките за да ги запознаеме луѓето со Божјата Реч и со нашата интернет-страница. На картичката има QR-код преку кој може да дојдат до видеоклипот Зошто да ја проучуваш Библијата? и до повеќе информации за тоа што е библиски курс и како да се побара. Некои луѓе не сакаат да земат литература, но можеби ќе сакаат да ја посетат нашата интернет-страница. Добро е да им дадеме визит-картичка на таквите лица. Но, не треба да им даваме визит-картичка на оние што не се заинтересирани.

Еве како би можеле да ги нудиме во неформални прилики: „Би сакал да Ви дадам една визит-картичка која упатува на една интернет-страница со бесплатни електронски публикации и видеоклипови на најразлични теми“ (Јвн 4:7). Бидејќи визит-картичките се мали, би можел секогаш да носиш неколку за да ги даваш кога ќе ти се укаже можност.