Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  октомври 2016

 ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ИЗРЕКИ 1-6

„Имај доверба во Јехова со сето свое срце“

„Имај доверба во Јехова со сето свое срце“

Јехова заслужува да имаме потполна доверба во него. Значењето на неговото име нѐ уверува дека тој е способен да ги исполни сите свои ветувања. За да имаме доверба во Јехова, неопходно е редовно да се молиме. Според 3. поглавје од Изреки, ако покажуваме доверба во Јехова, тој ќе ги исправи нашите патеки.

Оној што самиот за себе мисли дека е мудар...

3:5-7

  • носи одлуки без однапред да побара водство од Јехова

  • се потпира на себе или се поведува по мудроста на светот

Оној што има доверба во Јехова...

  • станува сѐ поблизок со него така што ја проучува Библијата, длабоко размислува и се моли

  • се води според библиските начела кога донесува одлуки

КАКО ДОНЕСУВАМ ОДЛУКИ?

ПРВО: го правам она што според мене е најпаметно

ПРВО: се молам и проучувам

ПОТОА: го молам Јехова да ја благослови мојата одлука

ПОТОА: на темел на библиските начела донесувам одлука