Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  ноември 2017

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — повторна посета

Стани повешт во службата — повторна посета

ЗОШТО Е ВАЖНО: Многумина од оние што покажуваат интерес кога им проповедаме се во потрага по вистината за Бог (Иса 55:6). За да може постепено да ги поучуваме за вистината, мораме редовно да ги посетуваме. Луѓето се соочуваат со различни предизвици. Затоа, треба да го прилагодуваме начинот на кој ги поучуваме. Но, ќе бидеме поделотворни ако добро се подготвуваме и имаме на ум што сакаме да постигнеме на секоја посета. Крајната цел треба да ни биде да започнеме библиски курс.

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Потруди се брзо да направиш повторна посета, можеби за неколку дена (Мт 13:19)

  • Биди опуштен, пријателски настроен и покажи почит кон станарот

  • Почни со еден срдечен поздрав и обраќај му се на станарот по име. Потсети го зошто повторно си на неговата врата — можеби за да му одговориш на некое негово прашање, да му го оставиш најновото списание, да му ја покажеш нашата интернет-страница, да му пуштиш видеоклип или за да му покажеш како изгледа библиски курс. Прилагоди го текот на разговорот ако станарот го интересира некоја друга тема (Фп 2:4)

  • Сподели некоја мисла од Библијата и процени дали да оставиш некоја публикација. Така ќе го залеваш семето на вистината што си го посадил во срцето на станарот (1Ко 3:6). Потруди се да се зближиш со него

  • Постави темел за следната посета