Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  ноември 2016

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

„Мажот нејзин го познаваат на градските порти“

„Мажот нејзин го познаваат на градските порти“

Добрата жена позитивно му влијае на својот сопруг. Во времето на цар Лемуил, еден маж кој имал таква жена бил добро познат на „градските порти“ (Из 31:23). Денес, многу женети браќа кои се на добар глас служат како старешини и слуга-помошници. Но, дали ќе можат добро да си ги вршат своите одговорности или не, многу ќе зависи од поддршката и однесувањето на нивните жени (1Ти 3:4, 11). Ваквите добри жени се ценети не само од нивните сопрузи туку и од соверниците.

Добрата жена ќе му помага на својот маж да служи така што...

  • ќе го охрабрува (Из 31:26)

  • нема да го спречува да се троши за собранието (1Со 2:7, 8)

  • ќе живее скромно (1Ти 6:8)

  • нема да настојува да дознае доверливи собраниски работи (1Ти 2:11, 12; 1Пе 4:15)