Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  ноември 2016

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Како да ја користиме книгата Што учиме од Библијата?

Како да ја користиме книгата Што учиме од Библијата?

Книгата Што учиме од Библијата? беше објавена на годишниот состанок во октомври 2015 год. Оваа публикација ја нема на македонски, но достапна е на многу други јазици. Таа е слична на книгата Што навистина учи Библијата? Во овие две книги се обработени истите вистини по ист редослед. Но, разликата е во тоа што книгата Што учиме од Библијата? ги објаснува библиските учења на поедноставен начин. Таа е наменета за оние на кои им е потешко да ја разберат книгата Што навистина учи Библијата? Освен тоа, во ова поедноставено издание некои изрази и учења се објаснети во фусноти на крајот од книгата, наместо во додаток. Поглавјата не содржат воведни прашања ниту рамка за повторување. Наместо тоа, на крајот од секое поглавје има резиме на некои библиски вистини кои биле обработени во него. Книгата Што учиме од Библијата? може да ја користиме на јазик на кој е достапна секогаш кога ќе ни се укаже прилика за тоа. Како може да ги користиме нејзините обележја додека водиме библиски курс на друг јазик?

РЕЗИМЕ: Со повеќето луѓе проучуваме така што читаме пасус од книгата Што навистина учи Библијата?, а потоа им поставуваме прашање. Но, да речеме дека интересентот не го знае добро јазикот на кој го водиме курсот или не чита добро. Во таков случај, би можеле да ја користиме книгата Што учиме од Библијата? Може дури и да го замолиме интересентот сам да си го прочита поглавјето, а на библискиот курс да дискутираме на темел на резимето. Обично, секоја библиска вистина од резимето може да се обработи за околу 15 минути. Бидејќи таму не се вклучени детали од поглавјето, објавителот мора добро да се подготви имајќи ги на ум потребите на интересентот. Ако го проучувате самото поглавје пасус по пасус, резимето може да се користи за повторување.

ФУСНОТИ: Изразите и учењата во фуснотите се наведени по редослед по кој се појавуваат во поглавјата. Објавителот може да процени дали ќе ги обработи фуснотите во книгата Што учиме од Библијата? за време на курсот.