Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  март 2016

 ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

Стани повешт во службата — смисли своја презентација

Стани повешт во службата — смисли своја презентација
ИЗГЛЕД
Text
Image

ЗОШТО Е ВАЖНО: Иако готовите предлог-презентации се корисни, нивната цел е само да ни дадат идеја. Труди се да се изразиш со свои зборови. Можеби ти е полесно да почнеш поинаку или сметаш дека друга тема ќе биде поинтересна за твоето подрачје. Затоа, откако си ги прочитал списанијата, си ги разгледал предлог-презентациите и си ги гледал видеоклиповите со предлозите, следниве идеи можат да ти помогнат да смислиш своја презентација.

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

Размисли: „Сакам ли да користам некоја од предлог-презентациите?“

ДА

  • Размисли како ќе почнеш. Откако ќе го поздравиш станарот, кажи зошто си дојден. (На пример: „Тука сум за да...“)

  • Размисли како после прашањето да го воведеш стихот, а потоа и како да го понудиш списанието. (На пример, стихот би можел да го воведеш: „Овде има многу добар одговор на ова прашање“.)

НЕ

  • Избери од списанието тема што ти се допаѓа и што ќе биде интересна за луѓето на подрачјето.

  • Избери прашање со кое ќе го поттикнеш станарот да си го каже мислењето, без да го ставаш во непријатна ситуација. (На пример, прашањата од 2. страница од списанијата.)

  • Избери кој стих ќе го читаш. (Ако го нудиш Разбудете се!, не е задолжително да се чита стих зашто ова списание е за луѓе што не се многу запознати со Библијата, а можеби и се скептични во поглед на религијата.)

  • Смисли како накратко да му објасниш на станарот како ќе му користи статијата.

И ВО ДВАТА СЛУЧАИ

  • Смисли прашање што ќе го одговориш на следната посета.

  • Прави си белешки за да знаеш за што треба да зборуваш следниот пат.