ИЗГЛЕД
Text
Image

Естира храбро и самопожртвувано се зазела за Јехова и за неговиот народ

8:3-5, 9

  • Естира и Мардохеј повеќе не биле во опасност. Но, писмата со кои Аман наредил да се погубат Евреите веќе биле испратени низ целото царство.

  • Естира повторно си го изложила животот на опасност така што излегла пред царот без да биде повикана. Со солзи го молела царот да го осуети злото што Аман го смислил против Евреите.

  • Законите кои се носеле во името на царот биле неотповикливи. Затоа царот ги овластил Естира и Мардохеј да донесат нов закон.

Јехова му дал голема победа на својот народ

8:10-14, 17

  • Бил донесен нов закон според кој Евреите имале право да се бранат.

  • Гласници биле испратени до секој крај на огромното царство, а Евреите се подготвиле за битка.

  • Многу луѓе виделе дека Бог е на страната на Евреите и затоа се преобратиле во еврејската вера.