Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  март 2016

 ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈОВ 11-15

Јов бил уверен дека ќе има воскресение

Јов бил уверен дека ќе има воскресение

Јов ја изразил својата доверба дека Бог може да го воскресне

14:7-9, 13-15

  • Јов употребил дрво — по сѐ изгледа маслинка — за да ја изрази својата доверба дека Бог може да го воскресне.

  • Разгранетите корења на маслиновото дрво му овозможуваат повторно да порасне дури и кога стеблото му е уништено. Сѐ додека корењата се живи, тоа повторно ќе пушти фиданки.

  • Откако ќе падне дожд по некоја голема суша, исушената пенушка на маслинката повторно може да заживее и да „пушти гранки како младо растение“.