Јов живеел во Уз во времето кога Израелците биле робови во Египет. Иако не бил Израелец, Јов верно му служел на Јехова. Имал големо семејство и бил многу богат и влијателен човек. Неговите совети многу се ценеле и бил познат како непристрасен судија. Бил дарежлив кон сиромашните. Јов бил непорочен човек.

Јов многу јасно покажал дека Јехова му е најважен во животот

1:8-11, 22; 2:2-5

  • Сатана забележал дека Јов верно му служи на Јехова. Тој не ја довел во прашање послушноста на Јов, туку неговите мотиви.

  • Сатана тврдел дека Јов му служи на Јехова од корист.

  • За да одговори на обвинението, Јехова му дозволил на Сатана да го нападне овој верен човек. Сатана му нанел штета во секој поглед.

  • Кога видел дека Јов останал верен и покрај сѐ, Сатана ја довел во прашање верноста на секој човек.

  • Јов не згрешил и не го обвинил Бог дека прави нешто погрешно.