Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  мај 2016

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Ја користиш ли JW Library?

Ја користиш ли JW Library?

JW Library е бесплатна софтверска апликација што овозможува на твојот телефон, таблет или компјутер да преземаш разни публикации, видеоклипови и аудиоснимки, како и Библијата.

КАДЕ Е ДОСТАПНА: Оди на Интернет и инсталирај ја JW Library од продавница за апликации. Моментално, оваа апликација е достапна за разни уреди. Додека сѐ уште си на Интернет, отвори ја апликацијата и избери ги публикациите што сакаш да ги преземеш на твојот уред. Ако немаш Интернет дома, би можел да користиш Интернет во нашата сала, во некоја библиотека или во некое кафуле. Публикациите што си ги презел ќе ти бидат достапни дури и кога не си на Интернет. Бидејќи во JW Library редовно се додаваат нови содржини и опции, добро е одвреме-навреме да ја ажурираш апликацијата.

ЗОШТО ДА ЈА ИНСТАЛИРАШ? Оваа апликација е многу практична за лично проучување и кога сме на состанок. Многу е корисна и во службата, особено кога сведочиме неформално.