Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  мај 2016

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Како да ја користиме JW Library

Како да ја користиме JW Library

ЗА ПРОУЧУВАЊЕ:

  • Читај ги Библијата и дневниот стих.

  • Читај ги Годишникот, списанијата и други публикации. Користи обележувачи.

  • Подготвувај се за состаноците и подвлекувај ги одговорите.

  • Гледај видеоклипови.

НА СОСТАНОЦИТЕ:

  • Барај ги стиховите што ќе ги користи говорникот. Користи ја опцијата „Историја“ за да се вратиш на некој стих.

  • Наместо да носиш печатени публикации на состанок, користи го уредот за да ги следиш точките и да ги пееш песните. Во JW Library ги има и песните што сѐ уште не се дел од печатената песнарка.

ВО СЛУЖБАТА:

  • На некој што е заинтересиран покажи му нешто од JW Library, а потоа помогни му да ги преземе апликацијата и публикациите на својот уред.

  • Користи ја опцијата „Пребарај“ за да најдеш некој библиски стих.

  • Пушти видеоклип. Ако станарот има деца, би можел да пуштиш цртан филм од серијата Биди пријател со Јехова. За да понудиш библиски курс, би можел да го пуштиш видеоклипот Зошто да ја проучуваш Библијата? Ако некој зборува друг јазик, пушти му видеоклип на неговиот јазик.

  • Покажи му некому стих на друг јазик од превод што претходно си го презел. Отвори го стихот, притисни го бројот на стихот, а потоа избери го копчето за паралелен превод.