Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  јуни 2017

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Држи се за Јеховините морални мерила

Држи се за Јеховините морални мерила

Јехова Бог одредил што е исправно, а што погрешно во морален поглед. На пример, одредил бракот да биде трајна врска меѓу маж и жена (Мт 19:4-6, 9). Тој осудува секаков сексуален неморал (1Ко 6:9, 10). Дал дури и начела во врска со облеката и изгледот по кои неговите слуги се издвојуваат од другите (5Мо 22:5; 1Ти 2:9, 10).

Денес многу луѓе ги отфрлаат Јеховините мерила (Ри 1:18-32). Тие дозволуваат модните трендови да им диктираат како да се облекуваат, дотеруваат и однесуваат. Многумина се фалат со своите тешки гревови и ги осудуваат оние што живеат според поинакви мерила (1Пе 4:3, 4).

Како Јеховини сведоци, мора храбро да се држиме за Божјите морални мерила (Ри 12:9). Како? На другите треба тактично да им ставиме до знаење што е прифатливо за Бог, но и ние лично треба да живееме според тие високи мерила. На пример, кога избираме облека и начин на дотерување, може да се прашаме: „Дали мојот избор покажува дека се држам за Јеховините мерила или дека се поведувам по световните? Дали од мојата облека и изглед се гледа дека ми е важно мислењето на Бог?“ Кога избираме која емисија или кој филм ќе го гледаме, треба да се прашаме: „Дали Јехова го одобрува ова? Чии морални мерила се промовираат? Дали мојот избор може да ме ослаби во морален поглед? (Пс 101:3). Дали со тоа би можел да спрепнам член од семејството или некој друг?“ (1Ко 10:31-33).

Зошто е толку важно да се држиме за Јеховините морални мерила? Исус Христос наскоро ќе ги уништи народите и ќе ѝ стави крај на сета злоба (Езе 9:4-7). Ќе останат само оние што ја вршат Божјата волја (1Јо 2:15-17). Затоа, да ги браниме Јеховините морални мерила. Така, оние што ќе го видат нашето добро однесување ќе го слават Бог (1Пе 2:11, 12).

Што откриваат мојот изглед и гардероба за моите морални мерила?

ГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОКЛИПОТ БИДИ ПРИЈАТЕЛ СО ЈЕХОВА — ЕДЕН МАЖ, ЕДНА ЖЕНА, А ПОТОА РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Зошто е мудро да живееме според Јеховините мерила?

  • Зошто родителите треба да почнат да ги поучуваат своите деца за Јеховините морални мерила уште од најрана возраст?

  • Како можеме сите, и млади и стари, да им помагаме на луѓето да извлечат корист од Божјата добрина?