Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  јуни 2017

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Најди радост додека ја проповедаш добрата вест

Најди радост додека ја проповедаш добрата вест

Ти било ли некогаш тешко да проповедаш? Многумина од нас ќе дадат потврден одговор на ова прашање. Зошто? Можеби ти е страв да зборуваш со непознати или често наидуваш на рамнодушност или противење на твоето подрачје. Без сомнение, ова може да ти ја одземе радоста. Но, нашиот Бог е среќен Бог кој сака да му служиме со радост (Пс 100:2; 1Ти 1:11). Да разгледаме три причини зошто службата треба да ни причинува радост.

Прво, носиме порака на надеж. Иако во денешново општество надежта полека згаснува, на луѓето можеме да им пренесеме „добра вест за нешто подобро“ (Иса 52:7). Но, добрата вест за Божјето Царство може и нас да нѐ исполни со радост. Пред да излезеш во служба, длабоко размислувај за благословите што ќе ги донесе Божјето Царство на Земјата.

Второ, добрата вест што ја носиме им користи на луѓето и во физички и во духовен поглед. Тие учат како да ги остават штетните навики и може да се надеваат на вечен живот (Иса 48:17, 18; Ри 1:16). Ние сме како спасувачи после катастрофа. Иако некои луѓе не сакаат да се спасат, не престануваме да ги бараме оние што сакаат (Мт 10:11-14).

Трето, и најважно, кога проповедаме ние му носиме слава на Јехова. Тој многу го цени нашиот труд во проповедничкото дело (Иса 43:10; Ев 6:10). Освен тоа, великодушно ни го дава својот свет дух за да го извршиме ова дело. Затоа, сесрдно моли го Бог за радост — особина која е плод на светиот дух (Га 5:22). Со негова помош можеме да ги совладаме нашите стравови и смело да проповедаме (Де 4:31). Така, сеедно на каква реакција ќе наидеме во служба, ќе најдеме радост додека проповедаме (Езе 3:3).

Како би сакал да ја вршиш службата? Како можеш да покажеш дека си радосен во служба?

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПРОУЧУВАЊЕТО И РАЗМИСЛУВАЊЕТО ЌЕ ЈА ОЖИВЕАТ ТВОЈАТА РАДОСТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Зошто мора да ни биде најважно духовно да се храниме, дури и ако секој месец минуваме многу време во служба?

  • Како можеме да се угледаме на Марија?

  • Кога одвојуваш време за длабоко да размислуваш за Божјата Реч?

  • Што ти носи радост додека ја објавуваш добрата вест?