Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  јуни 2016

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — користи видеоклипови

Стани повешт во службата — користи видеоклипови

ЗОШТО Е ВАЖНО:

Видеоклиповите може да допрат до срцата на луѓето бидејќи така ги примаат информациите преку две сетила — видот и слухот. Видеата помагаат да се задржи нивното внимание и им оставаат силен впечаток. Во овој поглед можеме многу да научиме од Јехова бидејќи и самиот поучувал со визуелни примери (Де 10:9-16; От 1:1).

Видеоклиповите Дали Бог има име?, Кој е Автор на Библијата? и Зошто можеме да бидеме сигурни дека Библијата е од Бог? ги дополнуваат 2. и 3. лекција од брошурата Добра вест. Видеоклиповите Зошто да ја проучуваш Библијата?, Како би можел да ја проучуваш Библијата? и Како изгледаат состаноците на Јеховините сведоци? ги поттикнуваат луѓето да ја проучуваат Библијата со нас или да почнат да доаѓаат на состаноците. Додека водиш библиски курс би можел да ги користиш и нашите долгометражни филмови (km 5/13 3).

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Однапред преземи го видеоклипот што сакаш да му го пуштиш на станарот

  • Смисли едно или две прашања за кои ќе добие одговор во видеоклипот

  • Гледајте го видеоклипот заедно

  • Разговарајте за главните мисли

ПРЕДЛОЗИ:

  • Сврти на последната страница од некој наш трактат и посочи го QR-кодот кој води до видеоклипот Зошто да ја проучуваш Библијата?

  • Пушти го видеоклипот Зошто можеме да бидеме сигурни дека Библијата е од Бог? и понуди ја брошурата Добра вест така што ќе посочиш на 3. лекција.