Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  јуни 2016

 ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ПСАЛМИ 34-37

Имај доверба во Јехова и прави добро

Имај доверба во Јехова и прави добро

„Не завидувај им на оние што вршат неправда“

37:1, 2

  • Не дозволувај привремениот успех на злите да те спречи да му служиш на Јехова. Насочи го вниманието на духовните благослови и цели.

„Имај доверба во Јехова и прави добро“

37:3

  • Имај доверба дека Јехова ќе ти помага ако те мачат сомнежи и грижи. Тој ќе ти дава сила да останеш верен.

  • Редовно објавувај ја добрата вест за Божјето Царство.

„Јехова нека биде твојата радост“

37:4

  • Испланирај кога да ја читаш Библијата и длабоко да размислуваш за прочитаното. Додека го правиш тоа, труди се подобро да го запознаеш Јехова.

„Префрли му ги на Јехова животните грижи“

37:5, 6

  • Имај целосна доверба дека Јехова ќе ти помогне да се справиш со секаков проблем.

  • Продолжи да постапуваш исправно дури и кога трпиш противење, прогонство или, пак, си прикажан во лошо светло.

„Молчи пред Јехова и желно чекај го“

37:7-9

  • Труди се да не носиш избрзани одлуки поради кои би можел да ги изгубиш радоста и пријателството со Јехова.

„Кротките ќе ја поседуваат земјата“

37:10, 11

  • Барај ја кроткоста и понизно чекај Јехова да ја отстрани сета неправда што ти е нанесена.

  • Помагај им на соверниците и теши ги потиштените со ветувањето за Божјиот нов свет кој наскоро ќе дојде.

Месијанското Царство ќе донесе безброј благослови