Оние што сакаат да бидат поданици на Божјето Царство треба да научат што е можно повеќе за него и за сѐ што тоа ќе постигне. Зошто? Ова не само што ќе ја зајакне нивната вера дека Божјето Царство владее туку и ќе ги поттикне да им ја пренесуваат на другите добрата вест за него (Пс 45:1; 49:3). Додека го гледаш видеоклипот Првите 100 години на Божјето Царство, обиди се да ги одговориш следниве прашања:

  1. Каква корист имале оние што ја гледале „Фотодрамата за создавањето“?

  2. Како се користело радиото за добрата вест да стигне до луѓето?

  3. Кои други методи се користеле за да се проповеда добрата вест, и каков бил резултатот од тоа?

  4. Како објавителите добивале сѐ подобра обука низ годините?

  5. Каква практична обука добиле учесниците на Школата Гилеад?

  6. Како Јеховиниот народ бил поучуван преку конгресите?

  7. Што те уверува дека Божјето Царство владее?

  8. Како може да покажеме дека го поддржуваме Божјето Царство?