Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  јули 2017

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Бонтон на врата

Бонтон на врата

Христијаните се „театарска претстава“ што ја гледа светот (1Ко 4:9, фус.). Затоа, не треба да нѐ изненади што некои станари нѐ гледаат низ прозорец или нѐ слушаат од зад врата. Нечии домови можеби имаат дури и безбедносни камери и микрофон преку кои станарите можат да нѐ гледаат, слушаат и снимаат. Еве некои предлози како можеме да покажеме бонтон кога сме на врата (2Ко 6:3).

СО ОДНЕСУВАЊЕТО (Фп 1:27):

  • Покажи почит за станарот и неговата приватност така што нема да ѕиркаш во неговиот дом. Не јади, не пиј, не телефонирај и не праќај пораки додека си пред врата

СО ГОВОРОТ (Еф 4:29):

  • Кога си пред врата, не кажувај ништо што не би сакал да го чуе станарот. Некои објавители воопшто не зборуваат со соработникот кога се пред нечија врата за да можат да размислат за она што сакаат да му го кажат на станарот

На кои други начини можеш да покажеш бонтон на врата?