Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  јули 2016

 ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ПСАЛМИ 74-78

Никогаш не ги заборавај Јеховините дела

Никогаш не ги заборавај Јеховините дела

Неопходно е длабоко да размислуваме за добрите работи што ги направил Јехова

74:16; 77:6, 11, 12

  • Длабокото размислување помага да се вреже во нас она што го читаме од Божјата Реч и уште повеќе да ја цениме духовната храна

  • Ако длабоко размислуваме за Јехова, постојано ќе ги имаме на ум неговите прекрасни дела и надежта која ни ја дал

Во делата на Јехова спаѓаат:

74:16, 17; 75:6, 7; 78:11-17

  • Творештвото

    Колку повеќе ги запознаваме Јеховините творби толку повеќе се зголемува нашата страхопочит кон него

  • Браќата кои предводат во собранието

    Треба да им бидеме подложни на оние што Јехова ги поставил да предводат

  • Избавувањето на Божјите слуги

    Ако постојано се потсетуваме на тоа како Јехова го спасувал својот народ, ќе бидеме уште поуверени дека тој сака и може да се грижи за своите слуги