Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  јули 2016

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Зошто да не се обидеш барем една година?

Зошто да не се обидеш барем една година?

Зошто да не се обидеш да служиш како општ пионер? Ќе уживаш во прекрасни благослови! (Из 10:22).

АКО БИДЕШ ПИОНЕР...

  • ќе можеш да станеш повешт во службата и да уживаш повеќе во неа

  • ќе го продлабочиш својот однос со Јехова. Кога почесто им зборуваш на другите за Јехова и самиот почесто мислиш на неговите особини кои влеваат страхопочит

  • ќе видиш колку е убаво чувството кога Царството ти е на прво место, и ќе почувствуваш колку е голема радоста кога се трошиш за другите (Мт 6:33; Де 20:35)

  • ќе можеш да присуствуваш на состанокот со пионери за време на покраинската посета, на состанокот со пионери што се одржува пред Покраинскиот собир и на Школата за пионери

  • ќе имаш повеќе можности да започнуваш и да водиш библиски курсеви

  • ќе поминуваш повеќе време со браќата и сестрите со кои си во служба, и ќе можете заемно да се охрабрувате (Ри 1:11, 12)