Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  јануари 2017

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Не заборавај да се молиш за браќата кои се под прогонство

Не заборавај да се молиш за браќата кои се под прогонство

Во Библијата е проречено дека Сатана ќе нѐ прогонува во обид да ја спречи нашата служба (Јвн 15:20; От 12:17). Што можеме да направиме за браќата кои се прогонувани? Можеме да се молиме за нив. „Сесрдната молитва на праведникот има голема сила и може да направи многу добра“ (Јк 5:16).

За што може да се молиме? Може да го молиме Јехова да им даде на нашите браќа и сестри храброст и да им помага да не се плашат (Иса 41:10-13). Освен тоа, може да се молиме властите да не го попречуваат проповедањето „за да можеме да водиме мирен и тивок живот“ (1Ти 2:1, 2).

Кога Павле и Петар биле прогонувани, христијаните во првиот век се молеле за нив по име (Де 12:5; Ри 15:30, 31). Дури и ако не ги знаеме имињата на сите браќа кои се прогонувани, би можеле ли да го спомнеме нивното собрание, земја или област?

Запиши во кои земји живеат прогонувани браќа за кои би сакал да се молиш.