Асирскиот цар, Сенахирим, го испратил рапшакот (својот воен заповедник) во Ерусалим за да им понуди на Израелците да се предадат. Асирците се обиделе на различни начини да ги натераат Евреите да се предадат без борба.

  • Беспомошност. Египет не може да ви помогне (Иса 36:6).

  • Сомнеж. Јехова сака да ве казни, а не да ви помогне (Иса 36:7, 10).

  • Заплашување. Немате никакви шанси против асирската војска (Иса 36:8, 9).

  • Искушение. Ако ни се предадете, ќе имате сѐ што ви срце сака (Иса 36:16, 17).

Езекија покажал цврста вера во Јехова

37:1, 2, 14-20, 36

  • Тој направил сѐ што е во негова моќ за да се подготви за опсада

  • Го молел Јехова да ги спаси и го поттикнал и народот да го прави истото

  • Јехова ја наградил неговата вера така што испратил ангел кој убил 185.000 асирски војници за една ноќ