Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  јануари 2017

Предлог-презентации

Предлог-презентации

СТРАЖАРСКА КУЛА

Прашање: Некои луѓе мислат дека Библијата е застарена за наше време, а други сметаат дека има своја вредност. Што би рекле Вие?

Стих: 2Ти 3:16, 17

Понуда: Овој број на Стражарска кула покажува дека Библијата содржи корисни совети и дава предлози како читањето да ни биде поинтересно.

ПОУЧУВАЈ ЗА ВИСТИНАТА

Прашање: Во последно време често се зборува за крај на светот. Што мислите, дали ќе се случи такво нешто во наше време?

Стих: Мт 24:3, 7, 14

Вистина: Настаните што се случуваат околу нас покажуваат дека живееме токму во тоа време — времето на крајот. Но тоа не треба да нѐ плаши. Тоа, всушност, значи дека наскоро нѐ очекува подобра иднина.

ДАЛИ ЖИВОТОТ Е БОЖЈЕ ДЕЛО?

Прашање: Што мислите, што е пологично — дека животот го создал Бог или дека настанал случајно?

Понуда: Во оваа брошура се разгледани информации што за мнозина биле силен доказ дека животот е дело на интелигентен Творец. Во следна прилика би можеле да го разгледаме прашањето на 29. страница: „Дали е важно во што веруваш?

СМИСЛИ СВОЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

На темел на претходните примери, смисли своја презентација.