Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  јануари 2016

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Нашата чест да градиме и да ги одржуваме местата каде што го славиме Бог

Нашата чест да градиме и да ги одржуваме местата каде што го славиме Бог

При изградбата на храмот во Израел биле вложени голем труд и многу средства. Меѓутоа, Израелците со ревност ја поддржувале изградбата (1Ле 29:2-9; 2Ле 6:7, 8). Откако храмот бил довршен, од начинот на кој Израелците го одржувале се гледало во каква духовна состојба се (2Ца 22:3-6; 2Ле 28:24; 29:3). Денес христијаните вложуваат многу време и труд за да градат сали за состаноци и Конгресни сали, како и за да ги чистат и одржуваат. Но, за нас е чест да соработуваме со Јехова на ова поле, а тоа е и дел од нашата света служба (Пс 127:1; От 7:15).

ШТО МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ НИЕ:

  • Да чистиме по секој состанок. Ако околностите те ограничуваат, расчисти околу себе.

  • Да учествуваме во редовното чистење и одржување на нашата сала. Колку повеќе раце, толку побрзо ќе се заврши работата (lv 92-93, пас. 18).

  • Да даваме финансиска поддршка. Јехова се радува дури и на прилог од ‚две парички‘ кога е даден од срце (Мр 12:41-44).

  • Да помагаме при изградба и реновирање на теократски објекти, доколку околностите ни дозволуваат. За тоа не мора да имаме градежно искуство.