Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  јануари 2016

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — постави темел за повторна посета

Стани повешт во службата — постави темел за повторна посета

ЗОШТО Е ВАЖНО:

Треба да го залеваме семето на вистината што сме го посадиле (1Ко 3:6). Кога ќе најдеме некој што ќе се заинтересира за вистината, добро е на крајот да оставиме прашање за кое може да зборуваме следниот пат. Така и тој ќе очекува да дојдеме, а и нам ќе ни биде полесно да се подготвиме за повторната посета. Следниот пат можеме да му кажеме дека сме дошле да одговориме на прашањето од минатиот пат.

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Кога подготвуваш презентација за служба од куќа до куќа, подготви си и прашање за повторна посета. Тоа може да е прашање што е одговорено во литературата што ја нудиш или во некоја од нашите публикации за проучување што планираш да му ја дадеш следниот пат.

  • При крајот на разговорот со некое заинтересирано лице, кажи му дека би сакал повторно да се видите, а потоа постави го прашањето што си го подготвил. Доколку е можно, разменете си контакт-информации.

  • Ако му кажеш дека ќе дојдеш пак во конкретен термин, стој си на зборот (Мт 5:37).