Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  февруари 2017

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Мудро користи ги публикациите

Мудро користи ги публикациите

Исус заповедал: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Мт 10:8). Ние сме послушни на ова јасно упатство така што бесплатно даваме Библии и библиски публикации (2Ко 2:17). Но иако не наплаќаме за овие публикации, во нив се запишани скапоцените вистини од Божјата Реч. Потребни се многу пари и труд за да се отпечатат и да се достават до собранијата од целиот свет. Затоа, не треба да земаме повеќе од она што ни треба.

Биди прониклив кога нудиш литература, дури и кога сведочиш на јавни места (Мт 7:6). Наместо само да им дадеш литература на минувачите, обиди се да почнеш разговор со нив за да процениш колку се заинтересирани. Дали можеш потврдно да одговориш барем на едно прашање од рамката? Ако не успееш да процениш дали некој е заинтересиран, најдобро е да му дадеш трактат. Секако, ако самиот побара списание или друга публикација, ние со задоволство ќе му дадеме (Из 3:27, 28).