Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  февруари 2017

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Помогни им на твоите деца да стекнат цврста вера во Творецот

Помогни им на твоите деца да стекнат цврста вера во Творецот

Творештвото ја објавува Јеховината слава (Пс 19:1-4; 139:14). Но, овој свет на Сатана шири идеи во врска со потеклото на животот кои го срамат Бог (Ри 1:18-25). Што можеш да направиш за таквите идеи да не фатат корен во срцето на твоето дете? Треба да му помагаш уште од мали нозе да стекне вера во Јехова и да сфати дека тој се грижи за него (2Ко 10:4, 5; Еф 6:16). Тактично дознај што навистина мисли за она што го учи на училиште и користи ги нашите публикации за да допреш до неговото срце (Из 20:5; Јк 1:19).

ГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ШТО ВЕЛАТ ТВОИТЕ ВРСНИЦИ — ДАЛИ ПОСТОИ БОГ?, А ПОТОА РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Кое погрешно мислење го имаат луѓето за оние што веруваат во Бог?

  • Што учите на училиште?

  • Што те уверува тебе дека Јехова постои?

  • Како можеш да им помогнеш на другите да сфатат дека Бог создал сѐ?