Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  декември 2016

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — Поучувај делотворно со книгата Зачувај ја Божјата љубов

Стани повешт во службата — Поучувај делотворно со книгата Зачувај ја Божјата љубов

ЗОШТО Е ВАЖНО: Оние што сакаат да му служат на Јехова на исправен начин мора да ги знаат и да ги применуваат неговите начела (Иса 2:3, 4). Книгата Божјата љубов, која е втора за проучување, им помага на интересентите да научат да ги применуваат библиските начела во својот живот (Ев 5:14). За да развијат желба да се променат, мора да се трудиме да допреме до нивното срце (Ри 6:17).

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Добро подготви се имајќи ги на ум потребите на интересентот. Смисли прашања преку кои ќе дознаеш каков став има и што мисли за материјалот што го проучувате (Из 20:5; be 259)

  • Користи ги рамките во книгата за да му помогнеш на интересентот да сфати колку е важно да ги применува библиските начела

  • Помогни му на интересентот да научи како да донесува одлуки на темел на својата совест. Немој ти да донесуваш одлуки наместо него (Га 6:5)

  • На тактичен начин, обиди се да дознаеш дали му е потребна помош за да примени некои библиски начела. Поттикни го да прави промени од љубов кон Јехова (Из 27:11; Јвн 14:31)