Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  декември 2016

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

„Еве ме мене, испрати ме мене!“

„Еве ме мене, испрати ме мене!“

Исаија ни е одличен пример поради спремниот став што го имал. Тој покажал вера и, кога се јавила потреба, веднаш се ставил на располагање иако не ги знаел сите детали (Иса 6:8). Можеш ли да направиш промени во своите околности за да можеш да служиш на место каде што има поголема потреба од објавители? (Пс 110:3). Се разбира, пред да донесеш ваква одлука, треба добро да го пресметаш трошокот (Лк 14:27, 28). Сепак, биди спремен да правиш жртви за делото на проповедање (Мт 8:20; Мр 10:28-30). Како што можевме да видиме во видеоклипот Се преселиле да служат во друга земја, благословите во службата за Јехова се многу поголеми од жртвите што ги правиме.

ОТКАКО ЌЕ ГО ГЛЕДАШ ВИДЕОКЛИПОТ, ОДГОВОРИ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Какви жртви направи семејството Вилијамс за да служи во Еквадор?

  • Кои работи ги зедоа предвид за да изберат каде да служат?

  • Како беа благословени?

  • Каде можеш да најдеш повеќе информации ако размислуваш да служиш на место каде што има поголема потреба?

НА СЛЕДНАТА СЕМЕЈНА ВЕЧЕР, РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ ОВИЕ ПРАШАЊА:

  • Како можеме да служиме во поголема мера како семејство? (km 8/11 4-6)

  • Ако не можеме да се преселиме на место каде што има поголема потреба од објавители, што би можеле да правиме за нашето собрание? (w16.03 23-25)