Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  август 2016

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — помогни им на оние со кои проучуваш да се крстат

Стани повешт во службата — помогни им на оние со кои проучуваш да се крстат

ЗОШТО Е ВАЖНО: За да бидат блиски со Јехова, оние што проучуваат мора да се крстат (1Пе 3:21). А потоа, ако живеат во склад со својот завет, ќе бидат духовно заштитени (Пс 91:1, 2). Ние му се заветуваме на Јехова, а не на некој човек, дело или организација. Од таа причина, интересентите треба да развијат љубов и ценење кон Бог (Ри 14:7, 8).

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Додека проучувате често прашувај го: Што учиме за Јехова од овој материјал? Истакни колку е важно да ја чита Библијата секој ден и „непрестајно“ да му се моли на Јехова (1Со 5:17; Јк 4:8).

  • Поттикни го интересентот да си постави цел еден ден да се крсти. Исто така, помогни му да си поставува помали цели. На пример, да коментира на состаноците или да му проповеда на некој сосед или колега. Сепак, имај на ум дека Јехова никого не присилува да му служи. Секој треба сам да одлучи дали ќе се крсти (5Мо 30:19, 20).

  • Помогни му да сфати дека, за да му угоди на Јехова и за да ги исполни условите за крштавање, треба да ги направи потребните промени (Из 27:11). Ако некои навики или особини се длабоко вкоренети во него, можеби ќе треба некое време да му помагаш да се смени (Еф 4:22-24). За таа цел, посочи му статии од рубриката „Библијата менува животи“, која излегува во Стражарска кула.

  • Зборувај му за радоста што ти ја причинува службата за Јехова (Иса 48:17, 18).