Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  април 2017

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Изразете им срдечно добредојде

Изразете им срдечно добредојде

Кому да му изразиме добредојде? Секому што ќе дојде на нашите состаноци — сеедно дали доаѓа првпат или со години (Ри 15:7; Ев 13:2). Тоа може да биде брат или сестра од друга земја или неактивен христијанин што дошол првпат после многу години. Како би се чувствувал ти на нивно место? Нема ли да ти значи другите срдечно да те поздрават? (Мт 7:12). Потруди се да не стоиш на едно место во салата, туку поздрави ги другите пред и по состанокот. Ова придонесува за убав и пријатен амбиент и му носи слава на Јехова (Мт 5:16). Најверојатно нема да можеш да разговараш со секој присутен. Меѓутоа, сите ќе се чувствуваат добредојдени ако секој од нас си го дава својот дел. *

Вистинско гостопримство се покажува секогаш, а не само во посебни прилики како, на пример, на Спомен-свеченоста. Кога новите ќе ја видат нашата христијанска љубов на дело, можеби ќе бидат поттикнати и тие да му служат на вистинскиот Бог (Јвн 13:35).

^ пас. 3 Библиските начела покажуваат дека не треба да се поздравуваме со исклучени или со оние што истапиле од организацијата (1Ко 5:11; 2Јо 10).