Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  април 2017

 ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

И ти можеш да ги охрабриш неактивните

И ти можеш да ги охрабриш неактивните

Секоја година, на Спомен-свеченоста доаѓаат многу неактивни браќа и сестри. Тие ја почнале трката за живот, но подоцна забавиле од разноразни причини. За некои од овие причини се зборува во брошурата Врати се кај Јехова (Ев 12:1). Неактивните христијани сѐ уште се скапоцени за Јехова, кој ги откупил со крвта на својот Син (Де 20:28; 1Пе 1:18, 19). Како да им помогнеме да се вратат во собранието?

Старешините се трудат да ги најдат и да им помогнат на неактивните христијани, исто како што еден пастир внимателно ги бара овците што залутале од стадото (Лк 15:4-7). Тоа е одраз на Јеховината љубов и грижа (Ере 23:3, 4). Но, секој од нас може да ги охрабри неактивните, а не само старешините. Кога сме љубезни и сочувствителни кон нив, го радуваме Јехова, а тоа може да даде и добри резултати (Из 19:17; Де 20:35). Затоа, размислувај кого би можел да го охрабриш и не одложувај!

ГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ОХРАБРИ ГИ НЕАКТИВНИТЕ, А ПОТОА ДИСКУТИРАЈТЕ ЗА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Што направи Аби кога сретна една сестра што не ја познаваше?

  • Зошто треба да разговараме со старешините ако сакаме да му помогнеме на некој неактивен?

  • Како Аби се подготви пред да оди кај Лора по втор пат?

  • Како Аби покажа упорност, стрпливост и љубов додека се трудеше да ја охрабри Лора?

  • Што учиме од споредбата на Исус во Лука 15:8-10?

  • Кој беше благословот откако сите се потрудија да ѝ помогнат на Лора?