Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  април 2016

 ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ЈОВ 33-37

Вистинскиот пријател дава совети што охрабруваат

Вистинскиот пријател дава совети што охрабруваат
ИЗГЛЕД
Text
Image

Советите што Елиу му ги дал на Јов многу се разликувале од советите на Елифаз, Вилдад и Софар — и според она што го кажал и според начинот на кој го кажал. Тој постапил како вистински пријател и покажал како треба да се дава совет.

ЗА ДА ДАДЕШ ДОБАР СОВЕТ:

ЕЛИУ ДАЛ ДОБАР ПРИМЕР

32:4-7, 11, 12; 33:1

 

  • БИДИ СТРПЛИВ

  • СЛУШАЈ ВНИМАТЕЛНО

  • ПОКАЖИ ПОЧИТ

 
  • Елиу стрпливо чекал најпрво постарите да се доискажат, па потоа зборувал тој.

  • Бидејќи слушал внимателно, добил целосна слика за ситуацијата и можел да даде соодветен совет.

  • Му се обраќал на Јов по име и зборувал со него како со пријател.

 

33:6, 7, 32

 

  • БИДИ ПОНИЗЕН

  • БИДИ ПРИСТАПЛИВ

  • БИДИ СОЧУВСТВИТЕЛЕН

 
  • Елиу бил љубезен и понизно признал дека и тој има маани.

  • Сочувствувал со Јов.

 

33:24, 25; 35:2, 5

 

  • БИДИ УРАМНОТЕЖЕН

  • БИДИ ЉУБЕЗЕН

  • ПОТПИРАЈ СЕ НА БОГ

 
  • Елиу љубезно му укажал на Јов дека не гледа реално на работите.

  • Елиу му помогнал на Јов да види дека не е најважно да се докаже дека е праведен.

  • Добрите совети од Елиу му помогнале на Јов да ги прифати советите од Јехова.