Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Нашиот живот и служба — работни листови  |  април 2016

 ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

Акција за делење на поканите за конгресот

Акција за делење на поканите за конгресот

Секоја година, со душа ја чекаме духовната гозба што ја добиваме на нашиот регионален конгрес. За и другите да осетат колку добар е Јехова, ќе се потрудиме да поканиме што е можно повеќе луѓе (Пс 34:8). Секое старешинство ќе одреди како најдобро да се обработи подрачјето со поканите.

ВАЖНИ ДЕТАЛИ:

  • Кога е конгресот?

  • Кога почнува акцијата за делење на поканите?

  • Кога се одржуваат состаноците за проповедање?

  • Какви цели имам во врска со акцијата?

  • Кого планирам да поканам?

КАКО ДА ЈА ПОНУДИМЕ:

Откако ќе го поздравиш станарот, би можел да кажеш:

„Учествуваме во една акција што се извршува низ целиот свет и ги каниме луѓето на еден многу важен настан. На оваа покана пишува кога и каде ќе се одржи тој настан“.

АКО НЕКОЈ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРА:

Сакаме да поканиме што е можно повеќе луѓе на конгресот, но посебно внимание да им обрнеме на оние што ќе се заинтересираат.

За време на викендите, освен поканата, може да понудиме и списание.