Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  декември 2015

 ЧИТАТЕЛИТЕ ПРАШУВААТ...

Што има погрешно во божиќните обичаи?

Што има погрешно во божиќните обичаи?

Веќе долго време се вели дека Божиќ е традиционален христијански празник со кој се слави раѓањето на Исус. Но, многу од обичаите што се дел од оваа прослава нѐ тераат да се прашаме како се поврзани со раѓањето на Исус.

Да ја земеме за пример легендата за Дедо Мраз. Тој е претставен како ведар дедо со бела брада, румени образи и црвена облека. Во 1931 год., неговиот лик бил дел од успешна реклама направена за една компанија за пијалаци во Северна Америка. Во текот на 1950-тите, некои Бразилци се обиделе да го заменат Дедо Мраз со еден легендарен лик карактеристичен за нивното поднебје. Сепак, професор Карлос Фантинати вели дека Дедо Мраз не само што бил попопуларен од овој легендарен лик туку бил и „попопуларен дури и од детето Исус и станал официјален симбол на празникот што се слави на 25 декември“. Но, дали легендите, како што е легендата за Дедо Мраз, се единствениот проблем со празникот Божиќ? За да го дознаеме одговорот, да се вратиме кон почетоците на христијанството.

Во една енциклопедија пишува: „Во првите два века од христијанството, христијаните силно се противеле на славењето родендени на мачениците, а со тоа и на роденденот на Исус“ (Encyclopedia Britannica). Зошто? Тие сметале дека роденденските прослави се пагански обичај и дека не треба да се слават. Всушност, на ниту едно место во Библијата не се спомнува на кој датум се родил Исус.

И покрај тоа што првите христијани биле против славењето родендени, во четвртиот век од н.е., Католичката црква го вовела празникот Божиќ. Црквата сакала да ја зајакне својата позиција, а за да ја постигне таа цел требало да отстрани една од најголемите пречки — популарните римски пагански религии и нивните празници посветени на зимската краткодневица. Во една своја книга, Пене Рестад напишал дека секоја година, почнувајќи од 17 декември па сѐ до 1 јануари, „повеќето Римјани славеле, играле, се гоштавале, учествувале во свечени паради и во други свечености во кои им се поклонувале на своите божества“ (Christmas in America). На 25 декември, Римјаните го славеле раѓањето на непобедливото Сонце. Со тоа што ја вовела прославата на Божиќ на тој ден, црквата сакала да ги поттикне Римјаните да го слават раѓањето на Исус наместо раѓањето на Сонцето. Гери Боулер во едно свое дело напишал дека на овој начин Римјаните „сѐ уште можеле да уживаат во обичаите што ги правеле за време на своите зимски празници“. Во суштина, тие „ги одбележувале новите празници со старите обичаи“ (Santa Claus a Biography).

Јасно е дека коренот на проблемот со божиќните празници лежи во нивното потекло. Во една своја книга, Стивен Нисенбаум вели дека Божиќ е „пагански празник скриен под маската на христијанството“ (The Battle for Christmas). Според тоа, празникот Божиќ им нанесува срам на Бог и на неговиот Син, Исус Христос. Дали ова е нешто неважно? Библијата вели: „Што им е заедничко на праведноста и на беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината?“ (2. Коринќаните 6:14). Исто како што не може да се исправи едно дрво кое пораснало накриво, така и празникот Божиќ е толку искривен што „не може да се исправи“ (Проповедник 1:15).

Нешто повеќе

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Што вели Библијата за Божиќ?

Можеби ќе се изненадиш кога ќе го дознаеш потеклото на некои божиќни обичаи.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Зошто Јеховините сведоци не слават Божиќ?

Многумина слават Божиќ иако знаат од каде потекнува. Дознај зошто Јеховините сведоци не го слават овој празник.