Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  октомври 2015

 СОВЕТИ ШТО НИКОГАШ НЕ ЗАСТАРУВААТ

Биди спремен да простиш

Биди спремен да простиш

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Спремно простувајте си еден на друг, ако некој има жалба против некого. Како што Јехова спремно ви прости вам, така правете и вие“ (Колошаните 3:13).

Што значи ова начело? Во Библијата, гревот е спореден со долг, а простувањето со поништување на долгот (Матеј 18:21-35). Во еден лексикон пишува дека грчкиот глагол преведен со зборот „прости“ значи „да се откажеш од долгот, односно да не бараш да ти го вратат“. Според тоа, кога одлучуваме да му простиме на оној што ни згрешил, не очекуваме да ни надомести за грешката. Тоа што сме спремни да простиме не значи дека го одобруваме лошото однесување или дека сметаме дека болката што ни е нанесена не е толку голема. Наместо тоа, кога простуваме, едноставно избираме да се ослободиме од огорченоста и покрај тоа што можеби имаме оправдана причина да се жалиме.

Дали е практично денес? Бидејќи сме несовршени, сите правиме грешки (Римјаните 3:23). Кога-тогаш и нам ќе треба некој да ни прости. Затоа, мудро е спремно да им простуваме на другите. Освен тоа, и самите имаме корист кога простуваме. Во која смисла?

Кога држиме лутина и огорченост и не сакаме да простиме, си нанесуваме штета себеси. Ваквите негативни чувства можат да ни ја одземат среќата, да ги ограничат нашите активности и да ни го загорчат животот. Освен тоа, негативните емоции можат да ни го нарушат здравјето. Во еден извештај, д-р. Јоичи Чида и професорот по психологија Ендру Степто го навеле следново: „Најновите истражувања покажуваат дека гневот и омразата можат да предизвикаат срцеви заболувања“ (Journal of the American College of Cardiology).

Од друга страна, простувањето може да влијае многу позитивно врз нашиот живот. Тоа ни помага да го зачуваме мирот и единството, и да имаме добри односи со другите. Што е уште поважно, кога простуваме, го следиме примерот на Бог, кој спремно им простува на оние што се каат за своите грешки и кој очекува и ние да го правиме истото (Марко 11:25; Ефешаните 4:32; 5:1).