Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  октомври 2015

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ МОЛИШ?

Зошто Бог сака да му се молиме?

Зошто Бог сака да му се молиме?

Бог сака да бидеме блиски со него.

Комуникацијата е неопходна за едно пријателство. Затоа, Бог нѐ поттикнува да зборуваме и да се зближиме со него. Тој вели: „Вие ќе ме повикувате, ќе доаѓате кај мене и ќе ми се молите, а јас ќе ве слушам“ (Еремија 29:12). Преку молитвата ти ќе му се приближиш на Бог, а и тој ќе ти се приближи тебе (Јаков 4:8). Библијата нѐ уверува: „Јехова е близу до сите што го повикуваат“ (Псалм 145:18). Колку повеќе му се молиме на Бог, толку поцврсто станува нашето пријателство со него.

„Јехова е близу до сите што го повикуваат“ (Псалм 145:18)

Бог сака да ни помогне.

Исус рекол: „Кој од вас, ако неговиот син го замоли за леб, ќе му даде камен? Или, ако го замоли за риба, зар ќе му даде змија? И така, ако вие... знаете да им давате добри дарови на своите деца, колку повеќе вашиот Татко кој е на небесата ќе им даде добри работи на оние што го молат“ (Матеј 7:9-11). Бог нѐ повикува да му се молиме затоа што се ‚грижи за нас‘ и сака да ни помогне (1. Петрово 5:7). Тој дури и нѐ поттикнува да му ги кажеме сите наши проблеми. Во Библијата пишува: „Не бидете загрижени за ништо, туку во сѐ — со молитви и молби, со благодарење — изнесете му ги своите барања на Бог“ (Филипјаните 4:6).

Луѓето имаат духовни потреби.

Стручњаците кои ја истражуваат човековата природа заклучиле дека стотици милиони луѓе чувствуваат потреба да се молат. Меѓу нив се и некои атеисти и агностици. * Ова го потврдува фактот дека луѓето се создадени со духовни потреби. Исус рекол: „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“ (Матеј 5:3). Еден начин на кој можеме да ги задоволиме овие потреби е така што редовно ќе му се молиме на Бог.

Како ќе ни користи тоа што ќе му се молиме на Бог?

^ пас. 8 Според една статистика од центарот за истражување Пју направена во 2012 год., 11 отсто од атеистите и агностиците во САД се молат најмалку еднаш месечно.