Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  септември 2015

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | КОИ СЕ ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ?

Во што веруваат Јеховините сведоци?

Во што веруваат Јеховините сведоци?

Јеховините сведоци веруваат дека „целото Писмо е вдахновено од Бог“ и дека може многу да ни користи (2. Тимотеј 3:16). Библијата ни помага да го запознаеме Творецот и да водиме подобар живот.

Во неа пишува дека името на Бог е Јехова (Осија 12:5) *. Токму затоа, му служиме само на Јехова Бог и, како негови сведоци, се трудиме да им го објавиме неговото лично име на другите (Исаија 43:10-12).

Како христијани, веруваме дека Исус, „Божјиот Син“, * дошол на Земјата и станал Месија (Јован 1:34, 41; 4:25, 26). Откако умрел, Исус воскреснал на небото (1. Коринќаните 15:3, 4). Подоцна, станал Цар на Божјето Царство (Откровение 11:15). Тоа Царство е вистинска влада која ќе ја претвори Земјата во рај (Даниел 2:44). Во Библијата пишува: „Кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир“ (Псалм 37:11, 29).

„Тие веруваат дека Бог им зборува преку страниците на Библијата. Кога се соочуваат со проблеми, бараат помош во Божјата Реч... За нив, таа сѐ уште е жива“ (изјава на католичкиот свештеник Бенџамин Шерајат во германскиот весник Münsterländische Volkszeitung).

Како Јеховини сведоци, веруваме дека начелата од Библијата можат да им помогнат на луѓето денес (Исаија 48:17, 18). Затоа, се трудиме да живееме според тие начела. На пример, Библијата нѐ предупредува да не правиме нешто што ќе ги извалка нашиот ум и нашето тело. Од таа причина, не пушиме и не користиме дрога (2. Коринќаните 7:1). Освен тоа, не ги правиме работите што се осудени во Библијата, како на пример, не пиеме алкохол прекумерно, не вршиме сексуален неморал и не крадеме (1. Коринќаните 6:9-11).

^ пас. 4 Во многу преводи на Библијата на македонски јазик, Божјето име, Јехова, е заменето со титулата „Господ“. За да дознаеш зошто тоа е така, те молиме прочитај на страница 195 од книгата Што навистина учи Библијата? Достапна е и на www.jw.org/mk.

^ пас. 5 Во Библијата Исус е наречен и „единородниот Син Божји“ затоа што тој бил првиот и единствениот кој бил директно создаден од Јехова (Јован 3:18; Колошаните 1:13-15).

Нешто повеќе

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Дали Јеховините сведоци сметаат дека само нивната религија е исправна?

Дали Исус рекол дека има многу патишта што водат до спасение?