Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  септември 2015

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | КОИ СЕ ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ?

Какви луѓе се Јеховините сведоци?

Какви луѓе се Јеховините сведоци?

Ние сме меѓународна организација која не е поврзана со ниту една друга верска група. Иако нашето главно седиште е во САД, поголемиот број Јеховини сведоци живеат во други земји. Всушност, над осум милиони Сведоци во повеќе од 230 земји ги поучуваат луѓето за Библијата. Со тоа го исполнуваме следново пророштво што го дал Исус: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи“ (Матеј 24:14).

Без оглед на тоа каде живееме, ние совесно ги почитуваме законите, додека во исто време сме политички неутрални. Исус рекол дека христијаните нема да бидат ‚дел од овој свет‘. Затоа не се мешаме во политика и не ги поддржуваме војните (Јован 15:19; 17:16). За време на Втората светска војна, Јеховините сведоци биле затворани, мачени, па дури и убивани затоа што сакале да останат неутрални. Еден поранешен германски бискуп го напишал следново за Сведоците: „Тие со право можат да тврдат дека беа единствената поголема група во Третиот рајх што не учествуваше во војната поради својата совест“.

„Јеховините сведоци се многу принципиелни и чесни. Овие несебични луѓе се најсоодветни за вршење на високите политички функции, но никогаш не би прифатиле такво нешто... Тие ги почитуваат властите, но веруваат дека само Божјето Царство може да ги реши сите човечки проблеми“ (весникот Nová Svoboda, поранешна Чехословачка).

Но, тоа што не сме дел од светот не значи дека сме изолирани. Во врска со своите следбеници, Исус во молитва му го рекол следново на Бог: „Не те молам да ги земеш од светот“ (Јован 17:15). Токму затоа, ние работиме, пазаруваме и нашите деца одат на училиште заедно со другите луѓе во местото во кое живееме.