Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  септември 2015

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА

Кои се Јеховините сведоци?

Кои се Јеховините сведоци?

„Го познавам Мајк веќе долги години. Знам дека е Јеховин сведок, но некои работи во врска со неговата вера не ми се јасни. Кој е тој Јехова? Зошто Сведоците не слават празници? Дали Мајк е член на некоја секта?“ (Беки, Калифорнија, САД).

„Кога моите соседи почнаа да ја проучуваат Библијата со Јеховините сведоци, си мислев: ‚Што значи името Јеховини сведоци? Многу чудно име за религија!‘“ (Зенон, Онтарио, Канада).

„Јас и жена ми мислевме дека Јеховините сведоци доаѓаат кај нас за да ги искористат нашите чувства на вина бидејќи престанавме да одиме во црква и за да нѐ придобијат кај себе. Но, ние сметавме дека, штом кај една традиционална религија не го најдовме она што го баравме, нема да го најдеме ниту кај една чудна секта, како што се Јеховините сведоци“ (Кент, Вашингтон, САД).

„Да бидам искрена, немав поим кои се Јеховините сведоци и во што веруваат“ (Сесилија, Есбјерг, Данска).

Најверојатно знаеш дека Јеховините сведоци проповедаат од куќа до куќа или на некое јавно место, делат библиски публикации и нудат бесплатни библиски курсеви. Можеби ова списание ти го дал некој Јеховин сведок. Сепак, слично на лицата што беа цитирани погоре, веројатно и ти се прашуваш какви луѓе се Јеховините сведоци.

Каде би можел да најдеш точни одговори на твоите прашања? Како можеш да дознаеш во што веруваат Јеховините сведоци, како се финансира нивното дело и зошто проповедаат од куќа до куќа и на јавни места?

Сесилија, која беше цитирана погоре, вели: „На Интернет прочитав многу информации за Јеховините сведоци. До мене стигнаа голем број неточни гласини кои се темелат на предрасуди. Поради тоа, стекнав многу негативно мислење за нив“. Сепак, подоцна Сесилија имала прилика да зборува со некои Јеховини сведоци и добила задоволувачки одговори на нејзините прашања.

Дали и ти би сакал да добиеш точни одговори на твоите прашања за Јеховините сведоци? Ако да, те поттикнуваме да се обратиш на вистинското место — кај Јеховините сведоци, издавачите на ова списание (Изреки 14:15). Се надеваме дека следните статии ќе ти помогнат да дознаеш кои сме ние, во што веруваме и какво дело вршиме.