Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  септември 2015

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Зошто во Библијата има пророштва?

Зошто во Библијата се опишани настаните што се случуваат во наше време? (Лука 21:10, 11)

Во Библијата се запишани многу детални пророштва. Ниту еден човек не може толку точно да ја предвиди иднината. Затоа, исполнувањето на библиските пророштва е непобитен доказ дека Библијата е Божја Реч. (Прочитај Исус Навин 23:14; 2. Петрово 1:20, 21.)

Библиските пророштва што веќе се исполниле ни даваат цврст темел да веруваме во Бог (Евреите 11:1). Исто така, тие нѐ уверуваат дека Божјите ветувања за подобра иднина ќе се исполнат. На тој начин, библиските пророштва ни даваат сигурна надеж. (Прочитај Псалм 37:29; Римјаните 15:4.)

Како ни помагаат библиските пророштва?

Пророштвата ги поттикнуваат Божјите слуги да преземат нешто. На пример, кога христијаните во првиот век виделе како некои пророштва се исполнуваат пред нивни очи, го напуштиле Ерусалим. Така биле на безбедно кога градот бил уништен затоа што повеќето луѓе го отфрлиле Исус. (Прочитај Лука 21:20-22.)

Пророштвата што се исполниле во минатото ни покажуваат дека Божјето Царство наскоро ќе им стави крај на сите човечки царства и влади (Даниел 2:44; Лука 21:31). Затоа е многу важно веднаш да сториме сѐ што е потребно за Исус Христос, кој е поставен од Бог за Цар, да нѐ прифати како свои слуги. (Прочитај Лука 21:34-36.)

 

Нешто повеќе

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Што е Божјето Царство?

Разгледај зошто Божјето Царство е подобро од која и да е друга влада.

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Како пророштвото на Даниел го претскажува доаѓањето на Месијата

Повеќе од 500 години однапред, Бог открил кога точно требало да дојде Месијата. Дознај нешто повеќе за ова извонредно пророштво!