Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  јули 2015

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | КАКО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО ГРИЖИТЕ

Пари

Пари

„Откако нашата земја беше погодена од неконтролирана инфлација, цените на храната нагло скокнаа, а имаше сѐ помалку прехранбени продукти“, вели Пол кој има жена и две деца. „Со часови стоевме во колони, но честопати снемуваше храна уште пред да ни дојде редот. Луѓето станаа коска и кожа, а некои се онесвестуваа по улиците. Основните производи достигнаа вртоглави цени. На крајот, домашната валута повеќе не вредеше ништо. Останав без мојата банковна сметка, осигурувањето и пензијата.“

Пол

Пол знаел дека, за неговото семејство да преживее, мора да примени „практична мудрост“ (Изреки 3:21, фуснота). „Иако сум електричар, работев сѐ што ќе ми дојдеше при рака, и тоа за многу пониска плата“, вели тој. „Некои луѓе ми плаќаа за услугите со храна или со производи за домаќинството. Кога некој ќе ми платеше со четири сапуни, дома користевме два, а другите ги продавав. Еднаш добив 40 пилиња. Кога пораснаа, ги продадов и купив уште 300. Подоцна, заменив 50 кокошки за 100 килограми пченкарно брашно. Тоа брашно долг период служеше како храна за моето семејство и за неколку други.“

Освен тоа, Пол бил свесен дека најпрактичното нешто е да се има доверба во Бог, кој ни помага кога живееме според неговите мерила. Во врска со основните животни потреби, Исус рекол: „Не бидете загрижени... вашиот Татко знае дека сето тоа ви е потребно“ (Лука 12:29-31).

За жал, Божјиот непријател, Сатана, успеал да ги наведе повеќето луѓе на прво место во животот да ги стават материјалните работи. Тие се претерано загрижени за своите физички потреби, сеедно дали се вистински или замислени, и очајно се обидуваат да дојдат до работи што не им требаат. Мнозина заглавуваат во долгови и на потешкиот начин учат дека оној што „зема на заем, слуга му е на оној што му го дава заемот“ (Изреки 22:7).

 Некои луѓе носат одлуки поради кои трпат лоши последици. Пол вели: „Многу наши соседи ги оставија семејството и пријателите и отидоа во потрага по подобар живот во странство. Некои заминаа без документи и не можеа да најдат работа. Честопати мораа да се кријат од полицијата и да спијат на улица. Тие, всушност, не му дадоа можност на Бог да им помогне. Ама ние решивме да останеме заедно како семејство и со Божја помош да се соочиме со финансиските проблеми“.

СЛЕДИ ГО СОВЕТОТ НА ИСУС

Пол продолжува: „Исус рекол: ‚Не бидете загрижени за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе си има свои грижи‘. Секој ден му се молев на Бог да ни го даде ‚лебот за тој ден‘ за да можеме да преживееме. Бог навистина ни помагаше, токму како што ветил Исус. Сепак, тоа не значеше дека секогаш го добивавме тоа што најмногу го сакавме. На пример, еднаш чекав во редица за да земам храна без да знам што се продава. Кога ми дојде редот, видов дека има само јогурт. Јас не сакам јогурт. Ама бидејќи немаше ништо друго, таа вечер пиевме јогурт. Благодарен сум му на Бог што во текот на тој период моето семејство ниту еднаш не си легна гладно. *

Бог ветил: „Никогаш нема да те оставам и никогаш нема да те напуштам“ (Евреите 13:5)

Сега ни е малку полесно во финансиски поглед. Но, во тешките моменти низ кои минавме сфативме дека довербата во Бог е најважното оружје во борбата со грижите. Јехова * ќе ни помага сѐ додека ја вршиме неговата волја. На своја кожа почувствувавме колку се вистинити зборовите од Псалм 34:8: ‚Вкусете и видете колку е добар Јехова! Среќен е човекот кому тој му е прибежиште!‘ Поради тоа, воопшто не се плашиме ако се случи повторно да се соочиме со финансиски проблеми.

Бог се грижи за основните потреби на оние што му се верни

Сфативме дека во некои ситуации, за да преживеат, на луѓето не им се потребни пари или работа, туку храна. Со нетрпение го чекаме времето кога ќе се исполни ветувањето што го дал Бог: ‚На земјата житото богато ќе роди‘. Во меѓувреме, ‚ако имаме храна и облека, ќе бидеме задоволни со тоа‘. Голема сила ни влеваат следниве зборови: ‚Во вашиот живот нека нема љубов кон парите, туку бидете задоволни со она што го имате. Зашто, Бог рекол: „Никогаш нема да те оставам и никогаш нема да те напуштам“. Затоа, исполнети со храброст, можеме да речеме: „Јехова е мојот помошник, нема да се плашам“‘“. *

Исто како Пол и неговото семејство, и ние треба да имаме цврста вера за да живееме онака како што бара Бог (1. Мојсеева 6:9). Без разлика дали сега се соочуваме со финансиски проблеми или, пак, допрва ќе се соочиме, можеме многу да научиме од верата и мудроста на Пол.

Но, што ако сме загрижени поради семејни проблеми?

^ пас. 10 Јехова е името на Бог, кое го дознаваме од Библијата.