Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  јуни 2015

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | БИБЛИЈАТА И НАУКАТА

Ограничувањата на науката

Ограничувањата на науката

Во последниве години има наплив од книги во кои се застапува гледиштето на таканаречените нови атеисти. Ваквите книги го привлекуваат вниманието на голем број луѓе и предизвикуваат многу дискусии и дебати. Во врска со ова, неврологот Дејвид Иглман напишал: „Од овие книги некои читатели добиваат впечаток дека научниците имаат одговор за сѐ“. Потоа додал: „Меѓутоа, науката треба секогаш да биде отворена за нови идеи зашто резултатите од истражувањата честопати знаат да изненадат“.

И навистина, низ вековите неретко се случувало надарени научници да дојдат до неочекувани откритија додека се труделе да ги одгатнат тајните на природата. Меѓутоа, некои правеле и сериозни грешки. На пример, Исак Њутн е еден од најголемите научници на сите времиња. Тој докажал дека гравитацијата ги држи планетите, ѕвездите и галаксиите во вселената. Го измислил калкулусот, гранка од математиката што наоѓа примена во компјутерската технологија, астронаутиката и нуклеарната физика. Меѓутоа, Њутн се занимавал и со алхемија, квазинаука во која се користеле астрологија и магични формули во обид да се добие злато од олово и од други метали.

Повеќе од 1.500 години пред Њутн, грчкиот астроном Птолемеј го набљудувал небото само со голо око. Можел да ги следи планетите на ноќното небо, а бил и многу добар картограф. Но, тој верувал дека Земјата е центар на сѐ. Во врска со Птолемеј, астрофизичарот Карл Саган напишал: „Тоа што неговата идеја за геоцентрична вселена се одржала 1.500 години е потсетник дека интелектуалната способност не е гаранција дека нема да се направи огромна грешка“.

И денес научниците се соочуваат со слични предизвици. Ќе успеат ли целосно да ја објаснат вселената? Мораме да признаеме дека е постигнат голем напредок на полето на науката и сите ние ги чувствуваме нејзините благодети. Но, во исто време, мораме да имаме на ум дека науката има и свои ограничувања. Физичарот Пол Дејвис рекол: „Доколку сакаме да дојдеме до едно единствено сеопфатно објаснување за вселената, осудени сме на неуспех“. Овие зборови пренесуваат една непобитна вистина: луѓето не можат потполно да ја разберат природата. Затоа, кога се изнесуваат тврдења дека науката може да даде објаснување за сѐ што постои, би било разумно на таквите тврдења да гледаме со резерва.

Библијата ни го дава она што науката не може

Во врска со чудата во природата, Библијата се изразува со овие зборови: „Ете, тоа се само делчиња од [Божјите] дела, за него слушаме одвај слаб шепот“ (Јов 26:14). Постои огромна ризница на знаење за која луѓето едноставно го немаат клучот. Колку се вистинити зборовите што апостол Павле ги запишал пред околу 2.000 години: „О длабочино на Божјето богатство, мудрост и знаење! Колку се неистражливи неговите судови и несфатливи неговите патишта!“ (Римјаните 11:33).

Нешто повеќе

СТРАЖАРСКА КУЛА

Дали човекот ќе ја уништи Земјата?

Во Библијата е проречена еколошката штета што ѝ се нанесува на нашата планета, но и решението од Бог.

СТРАЖАРСКА КУЛА

Зошто многу луѓе веруваат во Творец?

Дали луѓето ги создал Бог или потекнуваат од животните?