Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  март 2015

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ШТО НАПРАВИЛ ИСУС ЗА НАС?

Зошто ни е потребно спасение?

Зошто ни е потребно спасение?

„Човекот роден од жена има краток век и полн е со немир. Како цвет никнува, и го кинат, како сенка бега, и не останува“ (Јов 14:1, 2).

Луѓето уште од многу одамна си замислувале колку би било убаво да бидат вечно млади и здрави. За жал, суровата реалност е дека сите ние умираме. Горенаведените зборови, кои Јов ги кажал пред повеќе од три илјади години, сѐ уште се вистинити.

Нема човек кој не посакува да живее вечно. Библијата ни кажува дека Бог ни всадил желба да живееме вечно (Проповедник 3:11). Што мислиш, дали еден грижлив Бог би ни всадил желба која не е можно никогаш да се оствари? Ако твојот одговор е не, тогаш си во право. Божјата Реч ја нарекува смртта непријател и ни ветува дека таа „ќе биде уништена“ (1. Коринќаните 15:26).

Не постои никаков сомнеж дека смртта е голем непријател на луѓето. Ниту еден разумен човек не сака да умре. Кога ни се заканува некаква опасност, веднаш бегаме или се криеме. Кога ќе се разболиме, бараме лек. Спремни сме да направиме сѐ што е во наша моќ за да си го зачуваме животот.

Дали има некаква причина да веруваме дека овој вековен непријател ќе биде уништен? Да. Нашиот Творец, Јехова Бог, не ги создал луѓето да живеат само некое време, а потоа да умрат. Тој не сакал луѓето да умираат, туку да живеат вечно на Земјата. Тоа сѐ уште е негова намера, а Библијата ни кажува дека тој секогаш ги исполнува своите намери (Исаија 55:11).

Тогаш, се поставува прашањето: ‚Како ќе биде уништена смртта?‘ Низ историјата, човекот се обидувал да ја победи смртта, но безуспешно. Оваа борба продолжува до ден-денес. Научниците направиле вакцини и лекови кои помагаат да се спречат или излечат некои болести. Тие можат дури и да влијаат врз генетската структура на живите суштества. Во многу места луѓето, општо земено, живеат подолго отколку пред еден век. Сепак, никој не успеал да ја победи смртта. Како што пишува во Библијата, „сите се враќаат во прав“ (Проповедник 3:20).

Но, има една добра вест. Иако луѓето не можат да го решат овој проблем, Јехова Бог веќе презел чекори за да нѐ спаси од смртта. Неговиот Син, Исус Христос, има главна улога во ова.