Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  март 2015

 ЧИТАТЕЛИТЕ ПРАШУВААТ...

Дали Велигден има христијанско потекло?

Дали Велигден има христијанско потекло?

Во една енциклопедија пишува дека Велигден „е главен христијански празник со кој се прославува воскресението на Исус Христос“ (Encyclopædia Britannica). Но, дали Велигден има христијанско потекло?

За да се утврди автентичноста на некој археолошки предмет, неопходно е да се обрне внимание на деталите. Слично на тоа, за да видиме дали Велигден има христијанско потекло, мора да ги разгледаме деталите кои се поврзани со овој празник.

Како прво, Исус им кажал на своите следбеници да ја одбележуваат неговата смрт, а не неговото воскресение. Апостол Павле ја нарекол оваа прослава „Господаровата вечера“ (1. Коринќаните 11:20; Лука 22:19, 20).

Како второ, според енциклопедијата Britannica, многу од велигденските обичаи „немаат никаква врска“ со воскресението на Исус, туку „влечат корен од народните обичаи“. На пример, во врска со велигденските симболи, јајцето и зајакот, во The Encyclopedia of Religion пишува: „Јајцето го симболизира новиот живот кој се ослободува од смртта, односно од неговата лушпа“. Понатаму стои: „Зајакот се смета за едно од најплодните суштества и затоа со него се означува доаѓањето на пролетта“.

Филип Волтер, професор по средновековна литература, објаснува како ваквите обичаи станале дел од велигденската прослава. Тој вели дека, „при христијанизирањето на паганските религии“, паганските празници со кои се прославувал „преминот од зима во пролет, односно од смрт во живот“ лесно можеле да се поврзат со воскресението на Исус. Волтер додава дека ова било пресуден чекор за да се вклучат „христијанските празници“ во паганскиот календар и со тоа да им се олесни на паганите да се преобратат во христијанството.

Овој процес на „христијанизација“ не започнал додека апостолите биле живи затоа што тие спречувале паганството да навлезе во собранието (2. Солуњаните 2:7). Апостол Павле рекол дека ‚по неговото заминување ќе се појават луѓе кои ќе изнесуваат искривени учења за да ги повлечат по себе учениците‘ (Дела 20:29, 30). А подоцна во првиот век, апостол Јован напишал дека некои луѓе веќе се обидувале да ги заведат христијаните (1. Јованово 2:18, 26). Тоа го отворило патот со текот на времето во христијанството да навлезат пагански обичаи.

„Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверници“ (2. Коринќаните 6:14)

Некои можеби сметаат дека не било погрешно да се прифатат одредени велигденски обичаи затоа што со тоа им се помагало на паганите подобро да го разберат воскресението на Исус. Но, сигурно Павле никогаш немало да се согласи со ова. Иако бил изложен на многу пагански обичаи додека патувал низ Римското Царство, Павле никогаш не прифатил некој од тие обичаи само за да им помогне на луѓето подобро да го запознаат Исус. Наместо тоа, тој ги предупредил христијаните со следниве зборови: „Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверници. Зашто, што им е заедничко на праведноста и на беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината? ‚Затоа, излезете од нивната средина и одвојте се,‘ вели Јехова, ‚и повеќе не допирајте ништо што е нечисто‘“ (2. Коринќаните 6:14, 17).

Што ни покажуваат деталите што ги разгледавме? Тие јасно ни откриваат дека Велигден нема христијанско потекло.

Нешто повеќе

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Што вели Библијата за Велигден?

Прочитај нешто повеќе за потеклото на пет велигденски обичаи.