Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  февруари 2015

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Ќе има ли некогаш една влада за целиот свет?

На кој начин една светска влада може да ги обедини луѓето од сите народи? Исаија 32:1, 17; 54:13

Замисли колку би било убаво да има само една влада за целиот свет. Денес многу луѓе страдаат затоа што живеат во крајна сиромаштија, додека други уживаат во раскош и богатство. Но, една светска влада која е вистински заинтересирана за доброто на луѓето би можела да се погрижи секој да го има она што му е потребно. Што мислиш, дали некогаш луѓето ќе успеат да формираат една таква влада? (Прочитај Еремија 10:23.)

Историјата покажува дека владите не успеале целосно да ги задоволат потребите на своите граѓани, особено на сиромашните. Некои влади се сурови (Проповедник 4:1; 8:9). Но, Семоќниот Бог ветил дека ќе обезбеди една влада која ќе ги замени сите други влади. Нејзиниот Владетел ќе покажува вистинска грижа за луѓето. (Прочитај Исаија 11:4; Даниел 2:44.)

Што ќе направи Божјето Царство?

Јехова Бог го избрал најдобриот можен Владетел — својот Син, Исус (Лука 1:31-33). Додека живеел како човек на Земјата, Исус сакал да им помага на луѓето. Како Цар, тој ќе ги обедини луѓето од сите народи и ќе им стави крај на страдањата. (Прочитај Псалм 72:8, 12-14.)

Дали сите го прифаќаат Исус како Владетел? Не. Но, Јехова е стрплив (2. Петрово 3:9). Тој им дава можност на луѓето да го изберат Исус за свој Владетел. Наскоро, Исус ќе ја исчисти Земјата од лошите луѓе и ќе воспостави мир и безбедност низ целиот свет. (Прочитај Михеј 4:3, 4.)