Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  февруари 2015

 БИБЛИЈАТА МЕНУВА ЖИВОТИ

Бев одушевен од одговорите во Библијата

Бев одушевен од одговорите во Библијата
  • РОДЕН: 1948

  • ЗЕМЈА: УНГАРИЈА

  • НЕКОГАШ: ОЧАЈНО ЈА БАРАЛ СМИСЛАТА НА ЖИВОТОТ

МОЕТО МИНАТО:

Роден сум во Шекесфехервар (Унгарија), град чија богата историја се протега повеќе од 1.000 години наназад. За жал, болните траги што таму ги остави Втората светска војна сѐ уште ми се во мислите.

Додека бев мал, растев со баба ми и дедо ми. Тие ми оставија многу убави спомени, особено баба ми Елизабет. Таа всади во мене цврста вера во Бог. Уште од тригодишна возраст, секоја вечер со неа ја повторував молитвата Оченаш. И покрај тоа, значењето на зборовите од таа молитва го дознав дури кога имав скоро 30 години.

Баба ми и дедо ми се грижеа за мене затоа што моите родители деноноќно работеа за да заштедат пари со кои ќе можеме да си купиме куќа. Сепак, секоја втора сабота целото семејство се собираше на ручек. Тие моменти, кога бевме сите заедно, ми беа многу убави.

Во 1958 год., сонот на моите родители да купиме куќа се исполни. Конечно живееме заедно. Бев пресреќен! Меѓутоа, по шест месеци на мојата радост неочекувано ѝ дојде крај. Татко ми почина од рак.

Целиот свет ми се сруши. Се сеќавам дека се молев: „Боже, те преколнував да го спасиш татко ми. Не можам без него. Зошто не ми одговори на молитвите?“ Очајно сакав да знам каде е татко ми. Се прашував: ‚Дали е на небото? Дали повеќе не постои?‘ Им завидував на децата што имаа татко.

Со години одев на гробиштата речиси секој ден. Клекнував на гробот на татко ми и се молев: „Боже, те молам кажи ми каде е татко ми“. Го молев и да ми помогне да сфатам која е смислата на животот.

На 13 години, решив да учам германски јазик. Бидејќи германската книжевност изобилуваше со литературни дела, си мислев дека таму ќе го најдам одговорот на моите прашања. Во 1967 год., почнав да студирам во градот Јена, кој тогаш беше дел од Источна Германија.  Желно ги читав книгите на германските филозофи, особено оние во кои се зборуваше за смислата на човечкото постоење. Иако во нив прочитав интересни идеи, одговорите што толку многу ги барав не ги најдов. Продолжив да го молам Бог да ми помогне да дојдам до нив.

КАКО БИБЛИЈАТА МИ ГО ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ:

Во 1970 год., се вратив во Унгарија. Таму ја запознав Роза, со која подоцна стапив во брак. Во тоа време, Унгарија беше под комунистичка власт. Кратко откако се зедовме, со Роза пребегавме во Австрија со намера оттаму да имигрираме во Сиднеј (Австралија), каде што живееше вујко ми.

Некое време откако дојдовме во Австрија, најдов работа. Еден ден, еден колега ми рече дека во Библијата можам да го најдам одговорот на сите мои прашања. Ми даде неколку книги со библиски содржини. Со голем интерес веднаш ги прочитав книгите и сакав да дознаам уште повеќе. Затоа им пишав на издавачите, Јеховините сведоци, и побарав повеќе литература.

На денот на нашата прва годишнина, кај нас дојде една млада жена од Австрија, која беше Јеховин сведок. Таа ја донесе литературата што ја побарав и ми понуди да ја проучувам Библијата со некој Јеховин сведок. Јас се согласив. Бидејќи имав голема желба да дознаам што повеќе, проучувавме двапати неделно — секојпат по околу четири часа.

Бев одушевен од она што го учев. Кога во мојата Библија на унгарски јазик Сведоците ми го покажаа Божјето име, Јехова, не можев да си поверувам на очите! Иако 27 години одев во црква, ниту еднаш не го чув Божјето име. Бев одушевен колку јасни и логични одговори имаше Библијата на сите мои прашања. На пример, дознав дека мртвите не се свесни за ништо, исто како да се во длабок сон (Проповедник 9:5, 10; Јован 11:11-15). Освен тоа, дознав дека во Библијата е дадено ветување за еден нов свет во кој „смрт нема да има веќе“ (Откровение 21:3, 4). Се надевам дека пак ќе го видам татко ми, затоа што во новиот свет што ќе дојде, „ќе има воскресение на мртвите“ (Дела 24:15, Превод на МПЦ).

Заедно со мене, и Роза со голем интерес ја проучуваше Библијата. Брзо напредувавме и завршивме со проучувањето за само два месеца! Одевме на сите состаноци што Сведоците ги одржуваа во Салата на Царството. Љубовта, услужливоста и единството што постоеја меѓу Јеховините сведоци ни оставија силен впечаток.

Во 1976 год., ни беше дозволено да влеземе во Австралија. Таму веднаш ги најдовме Јеховините сведоци. Тие се погрижија да се чувствуваме како дома. Во 1978 год., и ние станавме Јеховини сведоци.

МОЈОТ ЖИВОТ СЕГА:

Конечно најдов одговор на прашањата што ми се вртеа во главата толку долго време. Сега се чувствувам близок со Јехова Бог и го најдов најдобриот Татко што постои (Јаков 4:8). Многу се радувам бидејќи во новиот свет што ќе дојде, повторно ќе го видам мојот биолошки татко (Јован 5:28, 29).

Во 1989 год., со Роза решивме да се вратиме во Унгарија за да го споделиме она што го дознавме од Библијата со пријателите, роднините, а и со другите луѓе. Ја проучувавме Библијата со стотици лица. Повеќе од 70 од нив почнаа да му служат на Јехова, а посебно ме радува што меѓу нив беше и мојата мајка.

Цели 17 години се молев да најдам одговор на моите прашања. Потоа поминаа уште 39 години, и сѐ уште се молам — но сега со зборовите: „Ти благодарам, мил небесен Татко, затоа што одговори на молитвите од моето детство“.

Нешто повеќе

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Вистинска надеж за твоите најмили што умреле

Дали ти починал некој од најмилите? Дали е можно да го видиш пак? Дознај што вели Библијата за воскресението.

СОСТАНОЦИ

Како изгледаат состаноците на Јеховините сведоци?

Дознај повеќе преку овој видеоклип.