Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  јануари 2015

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Зошто многу луѓе веруваат во Творец?

Зар животот не е вистинско чудо?

Пред околу 3.000 години, еден поет напишал: „Те фалам [Боже], полн со страхопочит, зашто сум чудесно создаден“ (Псалм 139:14). Зар не чувствуваш восхит кога ќе размислиш за тоа како се развива бебе од само една единствена клетка? Многу луѓе сметаат дека сите живи суштества некој ги создал. (Прочитај Псалм 139:13-17; Евреите 3:4.)

Оној што ја создал вселената и ја опремил Земјата да биде погодна за живот, го создал и самиот живот на неа (Псалм 36:9). Тој комуницирал со луѓето и ни кажал многу работи за себе. (Прочитај Исаија 45:18.)

Дали сме настанале од животни?

Во многу работи, нашите тела имаат голема сличност со телата на животните. Тоа е така затоа што и луѓето и животните биле создадени од истиот Творец за да живеат на Земјата. Тој не го создал првиот човек од животно, туку од земниот прав. (Прочитај 1. Мојсеева 1:24; 2:7.)

Луѓето се разликуваат од животните во два важни аспекта. Прво, луѓето можат да го запознаат, да го сакаат и да го почитуваат Творецот. Второ, животните не биле создадени за да живеат вечно, додека луѓето биле создадени токму со таква цел. Но, денес сите луѓе наследуваат смрт затоа што првиот човек го отфрлил водството од својот Творец. (Прочитај 1. Мојсеева 1:27; 2:15-17.)