Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  декември 2014

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | МОЖЕШ ДА БИДЕШ БЛИЗОК СО БОГ

Дали го правиш она што го бара Бог?

Дали го правиш она што го бара Бог?

„Што и да ти треба, само кажи.“ Веројатно не би му рекол такво нешто на некој сосема непознат човек или на некој што едвај го познаваш. Меѓутоа, сигурно нема да ти биде тешко да му го кажеш тоа на некој драг пријател. Блиските пријатели обично со радост прават еден за друг сѐ што треба.

Библијата покажува дека Јехова постојано го прави она што знае дека им носи радост на луѓето што му служат. На пример, цар Давид, кој бил многу близок со Бог, рекол: „Ти направи многу дела чудесни, о Јехова, Боже мој, и многу работи за нас си намислил... би ги имало повеќе отколку што би можел да ги набројам“ (Псалм 40:5). Но, Јехова прави убави работи дури и за луѓето што сѐ уште не го познаваат. На пример, им дава храна и им ги полни срцата со веселост (Дела 14:17).

Радосно правиме сѐ што треба за оние што ги сакаме и почитуваме

Бидејќи Јехова со задоволство го прави она што им носи радост на другите, логично е дека и оние што сакаат да бидат Божји пријатели треба да прават работи со кои ќе му го ‚израдуваат срцето‘ (Изреки 27:11). Но, што би можел да направиш ти за да му угодиш на Бог? Библијата го дава одговорот: „Не заборавајте да правите добро и да делите со другите, зашто со таквите жртви му се угодува на Бог“ (Евреите 13:16). Дали ова значи дека, за да му угодиме на Јехова, доволно е само да правиме добро и да делиме со другите?

„Без вера не е можно да му се угоди на Бог“, вели Библијата (Евреите 11:6). Интересно, Авраам бил наречен „Јеховин пријател“ дури откако ‚му поверувал на Јехова‘ (Јаков 2:23). И Исус Христос нагласил дека е потребно ‚да веруваме во Бог‘ за да имаме благослов од него (Јован 14:1). Како можеш да стекнеш вера каква што бара Бог од оние што ги привлекува кон себе? За почеток треба редовно да ја проучуваш Божјата Реч, Библијата. Така ќе стекнеш ‚добро познавање на неговата волја‘ и ќе научиш како ‚потполно да му угодиш‘. Потоа, како што сѐ подобро ќе го запознаваш Јехова и ќе го применуваш она што го учиш за неговите праведни барања, твојата вера ќе расте и ќе стануваш сѐ поблизок со него (Колошаните 1:9, 10).