Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  декември 2014

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Како да научат децата да го сакаат Бог?

Поучи го детето за работите што ги создал Бог за да му помогнеш да го запознае и засака

Твоите деца можат да научат да го сакаат Бог само ако се уверени дека тој постои и дека ги сака. За да го сакаат Бог, треба да го познаваат (1. Јованово 4:8). На пример, треба да знаат: „Со каква намера Бог го создал човекот? Зошто Бог ги допушта страдањата? Што ќе направи Бог за луѓето во иднина?“ (Прочитај Филипјаните 1:9.)

За да им помогнеш на твоите деца да го засакаат Бог, мора да им покажеш дека и ти го сакаш. Кога ќе го видат тоа, веројатно ќе го следат твојот пример. (Прочитај 5. Мојсеева 6:5-7; Изреки 22:6.)

Како да допреш до срцето на твоето дете?

Божјата Реч е многу моќна (Евреите 4:12). Затоа, помогни им на твоите деца да ги научат основните библиски учења. За да допре до срцата на луѓето, Исус поставувал прашања, слушал и го објаснувал Светото писмо. За да допреш до срцето на твоето дете, и ти треба да го поучуваш како што поучувал Исус. (Прочитај Лука 24:15-19, 27, 32.)

Освен тоа, децата можат да го запознаат и да го засакаат Бог преку извештаите од Библијата во кои е опишано како тој постапувал со луѓето. На www.jw.org/mk можеш да најдеш публикации кои се издадени токму за таа цел. (Прочитај 2. Тимотеј 3:16.)