Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Стражарска кула  |  декември 2014

 ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | МОЖЕШ ДА БИДЕШ БЛИЗОК СО БОГ

Дали комуницираш со Бог?

Дали комуницираш со Бог?

Сеедно дали лично или преку телефон, пораки, Интернет или писма, блиските пријатели комуницираат колку што можат почесто. Затоа, ако сакаме да бидеме блиски со Бог, треба редовно да комуницираме со него. Но, како да го правиме тоа?

Можеме да разговараме со Јехова преку молитва. Меѓутоа, молитвата не е како обичен разговор со некој што го познаваме. Мора да бидеме свесни дека, кога се молиме, му се обраќаме на нашиот Творец, Севишниот Владетел над целата вселена. Тоа треба да нѐ поттикне да му се молиме со длабока почит. За Бог да ги слушне нашите молитви, треба да исполниме и одредени барања. Да спомнеме три од нив.

Прво, треба да му се молиме само на Јехова Бог, а не на Исус, на некој „светец“ или пред икони (2. Мојсеева 20:4, 5). Библијата јасно вели: „Во сѐ — со молитви и молби, со благодарење — изнесете му ги своите барања на Бог“ (Филипјаните 4:6). Второ, мора да се молиме во името на Божјиот Син, Исус Христос. Самиот Исус објаснил: „Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку мене“ (Јован 14:6). Трето, нашите молитви мора да бидат во склад со Божјата волја. Во Библијата пишува: „Што и да бараме во склад со неговата волја, тој нѐ слуша“ * (1. Јованово 5:14).

Комуникацијата меѓу блиските пријатели е обострана и редовна

Се разбира, едно блиско пријателство нема да трае долго ако цело време зборува само едниот пријател. Исто како што меѓу пријателите треба да има обострана комуникација, така и ние треба да му дозволиме на Бог да ни зборува и да го слушаме. Знаеш ли на кој начин ни зборува Бог?

Денес, Јехова Бог ни „зборува“ преку својата пишана Реч, Библијата (2. Тимотеј 3:16, 17). Зошто велиме така? Да наведеме еден пример: Да речеме дека си добил СМС-порака од близок пријател. Откако ќе ја прочиташ, можеби радосно ќе речеш: „Само што се чув со мојот пријател!“ Сепак, комуникацијата не била во усна форма, туку во пишана. Слично на тоа, додека ја читаш Библијата, му дозволуваш на Јехова да ти зборува. Џина, која ја спомнавме во првата статија, вели: „Сфаќам дека, ако сакам Бог да ме смета за свој пријател, мора да го читам ‚писмото‘ што ни го испратил — Библијата“. Таа додава: „Тоа што ја читам Библијата секој ден ми помага да бидам блиска со Бог“. Дали му дозволуваш на Јехова да ти зборува така што секојдневно ја читаш неговата Реч, Библијата? На тој начин ќе се чувствуваш поблизок со Бог.

^ пас. 5 Нешто повеќе во врска со тоа како можеш да се зближиш со Бог преку молитва можеш да прочиташ во поглавје 17 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

Нешто повеќе

ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА

Дали Бог ќе ги чуе моите молитви за помош?

Дали Бог навистина е заинтересиран за нашите проблеми?